Histoloska
gradba na dusnik i grklan (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 9 | Nivo: Medicinski
fakultet
Вовед
Респираторниот систем ги опфаќа органите
вклучени во елиминација на јаглерод диоксид и преземање на кислород.
Респирацијата е единствен процес преку кој
организмот се снабдува со кислород неопходен за метаболитичките процеси во
клетките и се отрстранува јаглеродниот диоксид како краен продукт на
метаболитичките процеси. Респираторниот систем го сочинуваат два функционални
различни делови : респираторен и спроводен дел
Респираторен дел (алвеоли, алвеоларни ходници и
респираторни бронхиоли) за размена на гасови.
Спроводен дел (носна празнина, назофаринкс,
орофаринкс, ларинкс, трахеа, претерминални и терминални бронхиоли) за чистење,
влажнење и пренос на воздухот.
Загревањето и влажнењето на воздухот се
остварува преку крвните садови
Филтрацијата и чистењето се остварува преку
носните влакненца и носната слузница.
Функција :
Респирација (размена на гасови)
Влажнење, загревање, филтрација на воздухот
Спроведување на воздухот
Грклан (larynx)
Гркланот е цевка која што ги поврзува голтката
со дишникот. Изграден е од хијалина и еластична рскавица кои се поврзани со
лигаменти и влакна од скелетните мускули. Во него се разликуваат 3 слоја : внатрешен,
среден и надворешен.
Внатрешен слој:
Слузница – епителот е повеќереден цилиндричен
епител со трепки кои се наоѓа над вистинските гласни жици. Трепките со нивното
треперење до гркланот ја отстрануваат слузта и прашината. Изградени се од
лимфни фоликули кои имаат имунолошка улога и грклански жлезди кои ја влажнат
слузницата.
Кај вистинските гласни жици ламина проприја се
состои од дебели еластични влакна. M. Vocalis се припојува за вокалниот
продолжеток на аритеноидната и тироидната рскавица и за средната линија на
штитната рскавица.
Со неговата контракција и релаксација се менува
ширината на пукнатините помеѓу гласните жици – rima glottides, со кое се
остварува фонацијата (говорот).
Во лажните гласни жици нема мускулни влакна, тие
не учествуваат во фонацијата туку имаат улога во остварувањето на звучните
резонанца.
Средишен слој :
Гркланските рскавици во некои делови се
хијалини, а после пубертетот окоскуваат и со тоа стануваат полесно кршливи., а
во другите делови рскавиците се еластични и не окоскуваат.
Гркланските мускули се од типот на напречно -
пругасти мускули. Надворешниот дел учествува во процесот голтањето, а
внатрешниот овозможува нормален говор.
Надворешен слој:
Адвентиција е надворешниот слој на гркланот.
Изградена е од ретко сврзливо ткиво и го спојува гркланот со соседните органи.
Гркланско капаче (epiglottis)
При голтање епиглотисот се свиткува назад и го
затвара ларингеалниот отвор, со што го спречува влезот на храната во дишните
патишта. Епиглотисот е обложен со многуслоен плочест епител. Скелетот е сочинет
од еластична рскавица обвиткана со слузница. Ламина проприја е од ретко
сврзливо ткиво кое е опкружено со мешовити жлезди, крвни и лимфни садови и
нервни влакна.
---------- OSTATAK TEKSTA NIJE PRIKAZAN. CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: maturskiradovi.net@gmail.com
besplatniseminarski.net Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.besplatniseminarski.net, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!